Поранешниот лев бек на Вардар, Матија Николиќ, многу веројатно ќе се пресели во грчкиот првак Олимпијакос.
Според „Моцарт Спорт“, Николиќ по една сезона заминува од Нови Сад и ќе ја напушти Војводина за да заигра во јужниот сосед на Македонија.
Тој потекнува од Црвена Звезда, играше три сезони за словенечката Шкофја Лока, а потоа мина две сезони во Скопје.
Лани летоска ја засили Војводина, со овој тим играше во финалето на плеј-офот во српскиот шампионат против Партизан, но на крајот мораше да се задоволи со второто место.
Војводина го крати буџетот и прави реконструкција на ростерот, па Николиќ среќата ќе си ја побара во Атина.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























