ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров избра 16 „воини“ за Словачка

Maшката репрезентација на Македонија денеска ја очекува првата битка од двете против селекцијата на Словачка за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.

Лазаров за овој дуел ги изостави голманот Васил Гогов, средниот бек Мартин Ивановски, десниот бек Филип Николов и пивотот Марко Стојковиќ.

Словаците во вториот бараж ја елиминираа Украина и покажаа дека не смеат да бидат потценети, но Македонија ја има фаворитската улога во овој двомеч. За разлика од Македонија, која ќе брка осмо СП по ред, или вкупно десетто, Словачка нема играно на Мундијал цели 16 години.

Натпреварот меѓу Словачка и Македонија се игра вечерва во „Татран Арена“ во Прешов од 19:00 часот.