ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Чаир со „џокер“ од Тунис ќе бара победа над Ајдовшчина

Екипата на Чаир денеска го игра реванш натпреварот од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп против словенечката Ајдовшчина.

Стратегот Басри Љатифи ќе смета на новото засилување од Тунис, левиот бек Тахани Амар која не играше во Словенија и ќе биде изненадување за гостинките.

Во составот не е голманката Магдалена Којовиќ, која долго време ќе биде на пауза од ракометните терени.

Словенечкиот состав е ист – ќе играат Ана Јерас, Шпела Бајц, како и најдобрата Ивона Барукчиќ, кои добија репрезентативен повик од Драган Аџиќ.

Натпреварот меѓу Чаир и Ајдовшчина се игра вечерва од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а влезот е бесплатен.