четврток, септември 11, 2025

📷 Загреб „изгоре“ во битолскиот пекол – пелистерци со европски старт од соништата!

Еурофарм Пелистер – Загреб

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше против хрватскиот Загреб со 25-23 во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите. Иако битолчани можеа многу порано од последните секунди да го решат победникот, сепак дозволија драма, 24-23, Загреб имаше напад да си замине со бод од тешкото гостување, но не беше искористен, остана време за Хеидарирад да постигне погодок на празен гол и да ја потврди победата. Пелистерци имаа силен старт, плус четири, напад и за плус пет, но до паузата Загреб се врати на гол негатива. Гостинскиот голман Грбавац успеа со неколку одбрани да го врати хрватскиот првак во второто полувреме. Имаа гостите и егал, потоа и плус два, но не издржаа до крајот во битолскиот пекол кој го создадоа „Чкембари“. На крајот заслужена победа на македонскиот првка кој запиша важни бодови на стартот во елитното натпреварување.