Хаос, тензии и прекин на хрватското дерби – Безјак го сруши делегатот, лекарите му укажуваа помош…
🎥 Ова е инцидентот поради кој беше прекинат мечот Нексе – Загреб
Хрватското дерби меѓу Нексе и Загребе беше прекинато на неколку секунди пред крајот на првиот дел, кога гостите водеа со 16-9 по мешаницата која настана поради незадоволство на домашните од судиските одлуки. Средниот бек на Нексе, Марко Безјак, во мешаницата го оттурна делегатот Анто Јосиќ, кој падна на теренот, наводно има набиеници на ребрата и завршил по мечот во болница. Мечот не се доигра, на Нексе и на Безјак им се заканува казна и службен пораз, но допрва треба да се изјасни хрватската федерација....