Македонската интернационалка Пена Граматова дебитираше за српскиот тим Војводина, каде се пресели зимава.
Војводина загуби на гостувањето кај Наиса Ниш со 32-26, откако имаше плус три на полувремето од овој натпревар, 18-15.
Македонското лево крило беше меѓу најдобрите стрелци на натпреварот и имаше деби со пет погодоци.
Граматова играше за Лево Бартек, Металург и Куманово во Македонија, а пред Војводина, мина шест месеци во словенечкиот Целје.