🎥Скандалозно: Ваков превид не е виден на ракометните терени

Arthur BRUNNER (referee), Denmark vs Portugal, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 15.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

На ЕХФ ЕУРО 2024 покрај рекордите кои се собируваат, се случуваат и скандали за кои нема објаснување. Еден од нив се случи на вчерашниот натпревар помеѓу репрезентациите на Данска и Португалија кој го добија скандинавците со убедливи 37:27.

Имено при еден напад на Данската репрезентација, ракометарите на Португалија имаа 8 ракометари на теренот, од кои 7 во дефанзија (заедно со голманот), плус еден заборавен на данската половина. Португалците го одбранија нападот, а вешто го искористија и својот осми играч кој веќе беше на спротивната страна и преку контра напад постигна погодок, кој швајцарските судии го признаа.

Скандалозно е како судискиот пар од Швајцарија не успеа да забележи толку очигледно прекршување на ракометните правила и да не го санкционира. Данската клупа протестираше, а Швајцарците најмалку што можеа да направат е да ја погледаат оваа ситуација, но ништо од тоа не се случи.

На тој начин судиската двојка Бринер и Салах влезе во ракометната историја, предизвикувајќи еден од најголемите скандали.