Монпелје им се врати на победите, лесно го реши Порто

Екипата на Монпелје по двата порази во 5 и 6. коло во Лигата на шампионите, денес со триумфот над Порто од 35:24 им се врати на победите во елитата.

Францускиот тим со освоените бодови се врати во игра за подобар пласман на табелата во групата Б и се израмни на табелета со денешниот ривал, двете екипи имаат по шест бода.

Гостите од Португалија парираа до 20 минута, потоа се мина во знакот на домаќинот, кој имаше целосна контрола на резултатот.

На полувреме беше 18:13 за Монпелје, додека во вториот дел Порто не успеа да се врати во игра, заостануваше на поголема разлика, па така домашниот тим немаше поголеми проблеми да ги освои бодовите.

Одлична партија во дресот на победничката екипа беше десното крило Себастиан Карлсон со десет погодоци.

Голманот на македонската репрезентација Никола Митревски им одбрани шест удари на домаќините.

Двете екипи повторно ќе се сретнат во рамки од 8. коло, кое ќе се одигра следниот викенд.

ПозЕкипаНПРЛБ
1БАРСА14102232
2АЛБОРГ1482426
3НАНТ1473424
4МАГДЕБУРГ1461719
5ПИК СЕГЕД1461719
6КЕЛЦЕ1451816
7КОЛСТАД1451816
8ППД ЗАГРЕБ14311010