{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 41Ракометарите на Тиквеш имаа победнички старт на новата суперлигашка сезона, откако на домашен терен славеа против незгодниот тим на Еурофарм Пелистер 2 со 28-26. Иако гостите парираа во поголем дел од мечот, кавадарчани имаа контрола на резултатот и на крајот заслужено ги освоија првите бодови сезонава. Новите засилувања на кавадарчани си го наоѓаат полека местото во тимот на Никола Матлиески, а битолчани покажаа дека и оваа сезона предводени од новиот стратег Михаил Петровски, ќе бидат тврд орев за фаворитите. Кавадарчани во следното коло гостуваат кај Аеродром, додека Еурофарм Пелистер 2 игра дома со Скопје.