Тимот на Адемар Леон денес го претстави новиот тренер за следните две сезони.
Станува збор за некогашниот предводник на Мешков Брест, Даниел Гордо, кој изминатиот период беше без клупски ангажман, откако на почетокот на изминатата сезона доби отказ од египетскиот Ал Ахли.
Гордо на клупата на Адемар Леон ќе биде замена за искусниот Маноло Каденас. Како што е познато, 41-годишниот Гордо беше предводник на шпанскиот клуб две сезони, 2013/14 и 2014/15.
Раководството на клубот извести дека со Гордо е постигната двегодишна соработка, со можност за продолжување на истата доколку двете страни бидат задоволни.