„Ер Монтенегро“ полета во Охрид: Чејовиќ го претрча цел терен и погоди од мртов агол (ВИДЕО)
Тимот на Охрид ја забележа првата победа оваа сезона, откако на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ славеше против Прилеп со 33-26. Меѓу најдобрите поединци беше десното крило Балша Чејовиќ со четири гола. Еден од нив беше ремек дело. Црногорскиот интернационалец го претрча целиот терен, прифати едно тешко додавање и на крајот од скоро мртов агол погоди во голот на Прилеп. Погледнете....