Валтер: Со Еурофарм Пелистер сакаме да бидеме на врвот, но сѐ уште е рано да се зборува за мај (ВИДЕО)
До последната минута дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран имаше драма и неизвесност, и со одбраната на Марко Кизиќ во последните 30 секунди тимот од Битола ја оствари втората победа на турнирот во Струга. „Зелените“ одиграа многу подобро, поразновидно и формата оди во нагорна линија. Останува уште еден чекор до финалето, денешниот дуел со АЕК. На ракометарите на Еурофарм Пелистер им треба најмалку реми, но секако ќе одат на нов триумф. Предводникот на екипата од Битола, Ларс Валтер изјави дека важно за неговиот тим е да игра сѐ подобро и подобро од натпревар во натпревар, бидејќи има доста нови играчи. Валтер се надева дека со Еурофарм Пелистер ќе ги оствари зацртаните цели, но според него екипата најнапред треба да се воигра и да биде подобра пред почеткот на новата сезона, во која тимот ќе оди на освојување на двете титули во домашниот шампионат. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на Ларс Валтер.