Пендаровски: Ќе ми биде чест да бидам покровител на струшкиот ракометен турнир (ВИДЕО)
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски беше гостин на турнирот во Струга и го следеше натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран каде победија битолчани. Тој се потсети на времињата кога како дете присуствувал на натпревари од турнирот во 70-тите години од минатиот век и е среќен што таа традиција опстојува до денес и покрај сите предизвици со кои се соочувале. Претседателот Пендаровски потврди дека ќе ќе му биде чест да биде и покровител на турнирот во иднина. Повеќе детали од разговорот што го имаше за 24ракомет.