{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 31Женската кадетска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Мундијалот на кој сме домаќини, откако славеше над Узбекистан со 39-30. Со овој триумф, нашите ракометарки обезбедија место во главната рунда на СП, односно се пласираа меѓу 16 најдобри селекции во светот. Бојана Коцева стрелаше девет пати, Емилијана Ризоска даде осум гола за Македонија, додека Марија Јанкуловска постигна шест погодоци. Кај ривалот, Сапарбаева и Еркабаева дадоа по десет гола. Последниот натпревар против Иран, Македонија ќе одигра на големиот празник Илинден во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.