Драма во Португалија – Спортинг во последните секунди извлече бод против Бенфика (ВИДЕО)

Дербито во португалското првенство меѓу Спортинг Лисабон и Бенфика беше решено во последните секунди, 32-32. Натпреварот беше исполнет со драма и неизвесност, двете екипи се менуваа во водство, На пет секунди до крајот, при резултат 31-32, 17-годишниот Франциско Кико Коста успеа да погоди од тешка ситуација и му донесе голем бод на својот тим. Токму Коста беше најдобар стрелец кај Спортинг со 12 гола, а за Бенфика, Петар Ѓорѓиќ стрелаше седум пати. Сега на табелата Спортинг има 69 бода, Порто 67 но и меч помалку, а Бенфика е трета со 64 и со меч помалку. До крајот на првенството остануваат уште две дерби средби Спортинг - Порто и Порто - Бенфика. Погледнете го израмнувачкиот гол на Коста....