Ракометарот од репрезентацијата на Црна Гора, Марко Ласица, заработи парична казна од страна на ЕХФ во висина од 5.000 евра.
Дисциплинската комисија на ЕХФ не остана имуна на случувањата по натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, Марко Ласица прикажа недолично однесувањe кон македонските навивачи во Дебрецен и започна да ги плука.
Дополнително, дисциплинската комисија на ЕХФ потсети дека ваквото однесување е штетно за имиџот на ракометот и не смее да се толерира во ниту еден случај.
За среќа, обезбедувањето одлично си ја заврши својата работа и спречи да дојде до голем инцидент.
СРАМОТА: Црногорски ракометар плукаше македонски навивачи! (ВИДЕО)