[soliloquy id=”120387″]
Најискусниот македонски навивач ја започна фештата во Виена: Шиц официјално ја отвори фан зоната!(ФОТО)
Вечерва започнува новата европска авантура за македонските ракометари. Во Виена во рамките на група Б, Македонија ќе го одигра првиот натпревар на континенталното првенство против Украина. Нашите ракометари ќе ја имаат поддршката од иселениците кои живеат во близина на Виена и во главниот град на Австрија, но веќе традиционално со Македонија на големите натпреварувања патуваат и најверните ракометни фанови. Во Виена на ова првенство ќе има две фан зони каде ќе се собираат нашите навивачи. А онаа што е поблиску до спортската сала Штадхале (каде ќе се одиграат натпрварите од ЕП2020) е веќе отворена. Честа да ја отвори фан зоната му припадна на еден од најлегендарните македонски навивачи, популарниот Ристо Поп Трајков Шиц .