РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

ЕВРОПСКА ЛИГА

СЕХА ЛИГА

СУПЕРЛИГА

ПозЕкипаGDНПРЛБ
117114130139
216114130139
3101480624
4-71471622
5-411452717
6-5814311010
7-791430119
8-1071420126

РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК/РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Формиран е на 9 март 2011 година во Битола и неколку сезони се натпреваруваше во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на ракометната федерација на Македонија.

Од сезоната 2016/17 оваа екипа за првпат почна да се натпреварува во Супер лигата. Сезоната 2019/2020 Еурофарм Работник беше претставник на Македонија во Лигата на шампиони и СЕХА регионалното натпреварување. Во двете лиги битолскиот претставник настапи како дебитант.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Сезоната 2021/2022 Еурофарм Пелистер се искачи на највисокото скалило во македонската лига и ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.

Тренерското место го предводи Александар Јовиќ и тим менаџерот Звонко Шундовски.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ ЗА ЕКИПАТА

Шампионот одигра шампионски во последниот дел и славеше убедливо против Пролет

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, на незгодното гостување во Скопје кај Пролет ги освои планираните три бодови, откако триумфираше со 36:27...

Кузмановски: Горд сум на моите соиграчи, им ветив на „Чкембари“ титула!

Екипата на Еурофарм Пелистер направи голем чекор кон одбраната на трофејот во суперлигашката конкуренција, откако славеше на гостувањето кај Охрид со 29:22. Со овој триумф...

Охриѓани ги пуштија во продажба билетите за дербито со Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Охрид во 10. коло од плеј-оф фазата на свој терен ќе го пречекаат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Охриѓани во досегашниот тек од разигрувањето...

Пелистерци им се вратија на победите, лесно се справија со Бутел Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер им се вратија на победите во суперлигашкиот плеј-оф, откако на свој терен триумфираа против тимот на Бутел Скопје со 30:22. Бутелци...

Ангеловски: Вардар може да чека наш кикс, но нема да го дочека

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на гостувањето во Скопје кај Вардар загуби со 24:20 во натпревар од 8. коло од плеј-офот, но и понатаму останува...