13-годишна ракометарка даде гол во финале од национален Куп (ВИДЕО)
Една од најталентираните млади ракометарки во БиХ, Вилдана Бајриќ, која на 6 април наполни 13 години, успеа во финалето од Купот на БиХ да се запише во листата на стрелци. Нејзиниот тим, Криваја, во финалниот дуел беше убедливо поразен од Груде, со резултат 34:23 (17:13), но младата ракометарка со голот кој го постигна при крајот на натпреварот, ги освои симпатиите на ракометната публика во БиХ.