📸И Македонија има МАЖИШТА за трка со великани

Македонија – Франција, ЕП младинци

Младинците на Македонија одиграа уште еден одличен натпревар на Европското првенство во Словенија и ја совладаа Франција на последната средба со 30-29. Ова беше драматична битка до крајот, но беше со среќен крај за Македонија која го освои деветтото место со овој триумф. Голманот Иван Галевски го одбрани пенал на противникот досуден неправедно и македонското славје можеше да почне. Момците на Раде Стојановиќ уште еднаш покажаа дека и тоа како можат и против најголемите репрезентации... Фото: Slavko Kolar/RZS