📸 САД не беше никаква закана за Македонките

Maкедонија – САД, СП младинки, 1 коло

Женската младинска репрезентација на Македонија со убедлив триумф над САД од 32:15 (15:6) победнички го започна настапот на Светското првенство во Скопје. Избраничките на Дарко Јанев уште во воведниот дел ја оправдаа фаворитската улога и лесно доаѓаа до реализација. За Македонија натпреварот против САД беше само загревање за вториот натпревар, оној против Исланд, кој ќе биде одигран на 21 јуни.