📷ОХРИД 2025: „Црвено-црните“ ги чека многу работа, Нексе си оди со бронза

ГАЛЕРИЈА Нексе – Вардар

Ракометарите на Нексе го освоија третото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако славеа против македонскиот вицепрвак Вардар со 28-26 во наптревар во кој „црвено-црните“ покажаа низа слабости. Вардарци беа во негатива во најголем дел од мечот, во вториот дел се вратија во егал, дури и поведоа, но повторно попушти концентрацијата кај момците на Иван Чупиќ кои мораа да му честитаат на противникот.