{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 20Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија пласман во финалето од Купот на Македонија, откако во полуфиналето целосно го надиграа ланскиот освојувач на Купот, тимот на Куманово, триумфирајќи со 31:14. Ѓорче Петров убедливата победа и пласманот во финалето го обезбеди со одличната игра во вторите 30 минути, во кои постигна 20 гола, а прими само девет. Избраничките на Симе Симовски лани на Ф4 турнирот во Охрид во полуфиналето беа елиминирани од Вардар. Во финалето Ѓорче Петров за ривал ќе го има подобриот од дуелот меѓу Вардар и Чаир.