четврток, септември 4, 2025

📷 „Зелената ера“ продолжува – освоен и Супер купот

СУПЕР КУП 2025 Еурофарм Пелистер – Вардар

Битолчани по третпат го освоија Суперкупот на Македонија, и тоа по пауза од три години. Во Кавадарци во мечот со кој го означија официјалниот почеток на новата сезона, Еурофарм Пелистер го победи Вардар со 28-27 (12-13). Последен пат битолчани триумфираа во 2022 година, исто така победувајќи го Вардар. Потоа две сезони битолчани играа за трофејот, но загубија и во двете средби. Сега со овој трофеј најавија дека имаат намера повторно да атакуваат на висок пласман, а навивачите од трибините им порачаа „сакаме титула“.