📷 Вардар победи на најжешкиот терен – патот кон титулата е отворен!

Македонското ракометно „Ел калсико“ даде делумен одговор како ќе тече понатаму првенството во Македонија. Откако во Битола славеше Вардар со 27-22 против Еурофарм Пелистер, станува јасно дека милиметри го делат скопскиот тим од враќањето на македонскиот трон и освојување на титулата по три сезони пауза. Сега на табелата Вардар има 46 бодови, додека Еурофарм Пелистер останува втор со 40 бодови и со мали шанси за да ја одбрани титулата. Охрид исто така има 40 бодови, а „сино-белите“ од Автокоманда се четврти со 36. Фото: Дамијана Ристевска