📷 Вардар царува во својата тврдина, шампионот ќе бара бодови на друго место

Вардар – Еурофарм Пелистер

Тимот на Вардар пред својата публика во „СЦ „Јане Сандански“ го доби дерби дуелот против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер триумфирајќи со 27:24. Вардарци од првиот, па до последниот судиски свиреж беа во предност и успеаја да му го нанесат првиот сезонски пораз на битолскиот тим. Избраниците на Владо Недановски покажаа како треба да се игра на дерби дуел, додека поголемиот број од гостинските ракометари беа без енергија и идеја во нападите.