📷 Топка решаваше, потег ги делеше Бутел и Пролет од победа до реми

Бутел – Пролет октомври 2025

 

Во дербито што го имаше сè – енергија, борба, адреналин и неизвесност до последна секунда – Бутел и Пролет ги поделија бодовите. Топка решаваше, потег ги делеше од победа до реми. Наместо радост за домашните, следеше громогласно изедначување. На трибините – жар, на теренот – вистинска битка за престиж. Два тима што го оставија срцето на терен и покажаа зошто градските дербија никогаш не се обични натпревари. Во фотогалеријата ви носиме дел од тие моменти – искрените реакции, погледите полни решителност, рацете во воздух и секунди во кои сè застана. Ракомет во својата најчиста форма.