📷 СТРУГА 2025: Победничко деби за Ројевиќ, Охрид ќе игра за трофеј

ГАЛЕРИЈА: ОХРИД – БУРСА

По триумфот во „езерскиот двобој“ против Струга, ракометарите на Охрид го совладаа и составот на Бурса Нилуфер од Турција со 38-28 и со шест бода го освоија првото место во групата на Струшкиот турнир. Тоа значи дека победничко деби имаше новиот стратег Борис Ројевиќ, кој в сабота од 20:40 часот ќе има можност да се бори за првиот трофеј со „гладијаторите“. Ривал во битката за трофејот на Охрид ќе му биде или Бутел Скопје или Тиквеш, па јасно е дека ќе има македонско финале.