📷 СТРУГА 2025: Грчевски најде рецепт за Раднички, се смешка борба за трофеј

ГАЛЕРИЈА Тиквеш – Раднички

Ракометарите на Тиквеш го совладаа српскиот претставник Раднички Крагуевац со 24-20 и ги освои првите бодови на Струшкиот турнир. Оваа победа значи дека кавадарчани сега се први на табелата со 3 бода, Бутел Скопје и Раднички имаа по еден, но Тиквеш и скопскиот тим ќе решаваат за патник во финалето. На кавадарчани ќе им биде доволно и реми, додека Бутел мора да слави ако сака да игра во битка за трофеј покрај езерото. Иако кавадарчани имаат комплетно реновиран тим, сепак тоа не беше пречка за тренерот Грчевски, кој одлично ја распореди минутажата кај сите ракометари и на крајот Тиквеш заслужено славеше.