📷 СТРУГА 2025: „Езерскиот двобој“ го отвори турнирот – ревија на надежни ракометари

Галерија Струга – Охрид

Еден од фаворитите за освојувањето на трофејот на Струшкиот турнир, Охрид, славеше со 31-23, над домаќинот Струга во првиот меч од првиот натпреварувачки ден. Овој натпревар беше ревија на млади ракометари од регионот на Струга и Охрид, бидејќи тренерите Ферукоски и Бабачев им дадоа шанса на многумина од кадетите и младинците, кои пак покажаа дека овој регион има таленти.