📷 СТРУГА 2025: Дожд, прекин и пенали – Тиквеш носи бронза во Кавадарци!

ГАЛЕРИЈА: Бурса – Тиквеш

Ракометарите на Тиквеш се израдуваа на третото место на 53. издание на Струшкиот турнир, откако по пенал-серијата успеаја да ја совладаат Бурса со 21-19. Во регуларниот дел, мечот што траеше 40 минути заврши 16-16, а кавадарчани ги реализираа сите пенали потоа и заслужено славеа. По десетина минути игра и резултат 2-2, мечот беше прекинат повеќе од триесетина минути и наместо на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ поради дождот се одигра во СЦ „Тими“. Во пенал серијата погодија Лазов, Коцев, Димовски, Мијушковиќ и Чејовиќ, а од гостинскиот тим промаши Шешиќ кога на голот на Тиквеш стоеше Панов и радоста на кавадарчани можеше да започне.