📷 СТРУГА 2025: Бутел и Раднички понудија трилер до крај, продолжува битката за финале

Галерија Бутел – Раднички Крагуевац

Бутел Скопје и Раднички Крагуевац одиграа драматично реми, 32-32, во првото коло од Струшкиот турнир. Бутелци треба да бидат задоволни од постигнатиот резултат, иако губеа со два гола негатива во последната минута, сепак успеаја да се одбранат и да погодат преку Тодески на истекот на времето. Во оваа група ќе биде интересно во борбата за финалето, бидејќи во групата е и кавадаречки Тиквеш.