{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 31Домаќинот на традиционалниот турнир, Струга, вторпат загуби, овојпат од грчкиот ПАОК Солун со 27-19 и ќе се најде на третото место во групата, односно ќе игра за петтото место на турнирот. ПАОК ќе оди на мегдан на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во директен дуел за место во финалето. Грците го решија победникот кон средината на вториот дел, кога искористија неколку грешки на Струга и се одлепија на три гола разлика. Сепак времето работи за стружани, кои промовираат нови талентирани момци на големата сцена за кои сигурно допрва ќе слушаме...Клењоски, Симоноски, двајцата Мечкароски, Георгиески, Кленкоски, Џигероски и уште многу други ќе бидат адути на Струга во следните години