📷 СТРУГА 2024: Утеха за Рогановиќ и Гуиф, бронзата оди за Шведска

Гуиф – ПАОК, Струшки турнир

Шведскиот претставник ГУИФ Ескилстуна ја освои бронзата на турнирот во Струга откако го совлада грчки ПАОК со 28-27(15-12). Во натпреварот за третото место на 52. издание на меѓународниот ракометен турнир, двете екипи покажаа интересен и изедначен ракомет. Иако се штедеа силите публиката на спортското игралиште „Горан Поповски-Бабец“ можеше да ужива во модерен ракомет. Најпрецизни на дуелот беа Ларсон со 9 кај Ескилстуна, а Григрис од ПАОК постигна 6. Гуиф предводен од тренерот Зоран Рогановиќ третпат беше дел од Струшкиот турнир, но ниту во третиот обид не успеа да стигне до финале, и мораше да се задоволи со бронзата.