{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 36Тимот на Тиквеш го забележа вториот пораз на Струшкиот турнир, откако загуби од шведскиот Гуиф со 32-30. Кавадарчани одат сега во натпревар за петтото место на турнирот против Струга, додека Гуиф ќе се соочи во „еден на еден“ дуел со Вардар за првото место во групата и пласман во финалето. Иако кавадарчани водеа со три гола, 23-20, имаа голем пад во играта во финишот, а тоа шведскиот тим знаеше како да го казни и да запише пресврт победа. Нивниот голман Вестерлунф имаше одлична партија и тој беше творец на пресвртот на Гуиф. Кај кавадарчани Анастасовски одигра одлично и даде седум гола, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од пораз.