{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 29Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со убедлив триумф против ПАОК Солун со 36-20, се загреа за финалето на Струшкиот турнир против актуелниот бранител на трофејот, Вардар. „Црвено-црните“ се најтрофејни со 14 трофеи покрај езерото, па пелистерци во утрешното финале ќе имаат шанса да се израмнат со големиот ривал. Најдобри стрелци во дуелот со ПАОК беа крилата Радивојевиќ со девет и Кузманоски со шест гола и немаа ниту едно промашување во сите 15 обиди. Утрешното финале против Вардар ќе се игра од 21:00 часот.