{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 32Ракометарите на Вардар го совладаа шведскиот Ескилстуна Гуиф со 31-18 во второто коло од групите на Струшкиот турнир и обезбедија место во финалниот натпревар, каде што ќе го бранат трофејот освоен лани. Противник на вардарци ќе биде победникот од дуелот меѓу ПАОК Солун и Еурофарм Пелистер. Тренерот Владо Недановски им даде шанса за настап на сите ракометари, а мечот мина во комплетна доминација на „црвено-црните“. Најдобри стрелци во вардаровиот тим беа Маргели со седум гола и Ќосевски со пет, додека Коиј даде четири. Двајцата голмани, Гогов и Еспиња собраа 11 одбрани. Финалето на Струшкиот турнир ќе се игра утревечер од 20:30 часот.