четврток, септември 5, 2024

📷 СТРУГА 2024: „Битола експрес“ тргна од Струга

Струга – Еурофарм Пелистер, Струшки турнир

Ракометарите на Еурофарм Пелистер победнички го отворија настапот на Струшкиот турнир, откако славеа со 39-22 во првото коло против домаќинот Струга. Домаќините кои имаат подмладен ростер, успешно парираа на поискусниот ривал во најголем дел од првото полувреме, но до паузата битолчани обезбедија плус четири, 18-14. Потоа вториот дел беше само рутински одработен.