четврток, октомври 30, 2025

📷 Стара гарда, иста магија – Лазаров, Манасков, Стоилов, Штербик…сите на едно место!

Македонија VS Европа – Спортско радио 90,3 фм

Вистински ракометен празник имаше во арената „Јане Сандански“, каде што легендите на македонскиот и европскиот ракомет повторно се најдоа на терен во рамките на хепенингот „Легендите на сцена“, организиран од „Спортското радио 90,3 ФМ“ по повод 20 години од неговото постоење. Публиката во речиси исполнетата сала уживаше во спектаклот кој донесе многу емоции, носталгија и убави спомени од златните времиња на македонскиот ракомет. Иако резултатот беше во втор план, натпреварот заврши нерешено 30-30, на задоволство на сите присутни. Фановите со громогласни аплаузи ги поздравија ракометните великани Кирил Лазаров, Пепи Манасков, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Арпад Штербик, Жоан Канељас, Игор Карачиќ, Ренато Вугринец, Жељко Муса и многу други...Настанот уште еднаш потврди дека љубовта кон ракометот во Македонија не познава време, а дека легендите остануваат вечни, без разлика дали се на теренот или на трибините. Фото: Игор Паневски/Спортско Радио 90,3 фм