📷 Сонот за осминафинале се уште живее – на ред се Фуксе Берлин и ПСЖ

Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го победи Динамо Букурешт со 25-24 и остана во игра за место во елиминациите на Лигата на шампионите. Во драматичен натпревар, во кој херој беше Никола Митревски со 16 одбрани, македонскиот голман го фати и последниот шут на Али Зеин и ја одбрани победата. Сега битолчани имаат осум бода, но останаа на седмата позиција пред последните две коло од ЛШ против Фуксе Берлин и ПСЖ. Директниот конкурент Висла Плоцк му гостува на Динамо Букурешт и потоа игра со Спортинг Лисабон дома, додека романскиот тим покрај средбата со полскиот шампион ќе се соочи со отпишаната Фредериција.