📷 Симпатиите за Еурофарм Пелистер, бодовите за Магдебург

Еурофарм Пелистер – Магдебург (фотогалерија)

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер му пружи достоен отпор на европскиот шампион Магдебург, кој ја продолжи победничката серија и со два бода си замина од Битола по триумфот со 31-26. Бундеслигашот мораше да ги искористи сите расположиви сили за да победи на жешкиот терен и сега има девет од девет во Лигата на шампиони. Битолчани имаа свои моменти, но за позитивен резултат против ваков ривал треба да се има перфектна вечер. Сега за македонскиот првак следува гостување кај Загреб, кое може да се покаже клучно во битката за осминафиналето, особено ако хрватскиот тим и ГОГ загубат утре од ПИК Сегед и Барселона.