📷 Шампионот игра шампионски кога најмногу треба – Вардар изгоре во „зелениот вулкан“
Вардар повеќе не е единствен непоразен тим во домашното првенство, откако загуби со 23-28 (10-13) на гостувањето во Битола кај актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. По 15 кола, скопјани првпат мораа да заминат од теренот без освоен бодoви, а за Еурофарм Пелистер овој триумф е враќање на атмосферата, на мотивацијата и најважно од се, приближување до Вардар на табелата на само два бода. Сега Вардар има 30 бода, а Еурофарм Пелистер 28. Во меч кој беше поважен за домаќините кои беа под притисок дека мораат да победат средбата во Битола беше полна со набој, и на терен и на трибините. Домашните го имаа голманот Саид Хеидарирад кои блескаше во моментите кога беше најпотребно, а мечот го заврши со 12 одбрани.








