{"slidestoshow":1,"slidestoscroll":1,"dots":"false","arrows":"true","autoplay":"true","autoplay_interval":3000,"speed":300,"loop":"true","lazyload":""}
1
/ 13Maшката кадетска репрезентација на Македонија запиша победа над Грција со 26-24, што беше доволно за 19 место на Европското првенство во Црна Гора. Иако можеби македонската јавност очекуваше нешто повеќе, во прв момент пласман на следното СП, сепак момците на Наум Танески не успеаја да се изборат за тоа. Тргнаа со минимален пораз од Франција, во натпревар кој сигурно заслужија барем бод, пружија отпор и на Германија, а слаба партија имаа против Полска во клучниот натпревар. Потоа следуваше победа над Украина, па непланиран пораз од Грција и триумф над Италија, што ни даде можност да играме за 17 место, и да бидеме втора резерва за СП од Европа. Сепак кадетите загубија од Израел убедливо и отидоа во меч за 19 место против Грција, на која и се одмаздија и можеа да ја победат и со повеќе голови. Ако се суди според лицата на ракометарите и стручниот штаб на фотографиите по последниот натпревар, тогаш тие се задоволни од постигнатото на ова ЕП. Можеби не се пласираа на следниот кадетски Мундијал, но обезбедија пласман на младинското ЕП 2026 година. Фото: Vuk Raicevic