четврток, февруари 20, 2025

📷 Ракометен празник во Охрид со среќен крај за пелистерци

Охрид – Еурофарм Пелистер

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер победи на гостувањето кај Охрид со 27-25 и сега има трио на врвот на табелата заедно со Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда, со по 32 бода. Битолчани мораа добро да се испотат за да го освојат целиот плен во СРЦ „Билјанини Извори“, каде што двете навивачки групи направија вистински празник на ракометот. Следен предизвик за Охрид ќе биде гостувањето кај Пролет, а Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот на Кирил Лазаров во „Боро Чурлевски“.