понеделник, јануари 5, 2026

📷 Ракометарите во турбо-ритам пред главните тестови за ЕП

Македонската репрезентација ги одработува последните тренинзи пред заминувањето за Винтертур на „Жолтиот Куп“ и дуелите со Бахреин, Украина и Швајцарија, а потоа и за данскиот град Хернинг каде ќе ги игра натпреварите од ЕП. Потоа следува уште еден тест дуел против прволигашот Митјиланд, а првиот меч на ЕП го играме против Данска на 16 јануари. Фото: РФМ