📷 Продолжува „зелената ера“ – деветта ѕвездичка за пелистерци!

Вардар – Еурофарм Пелистер, доделување титула

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се шампиони на Македонија третпат по ред, откако славеа на гостувањето кај Вардар со 32-30. Иако губеа со пет гола за разлика во првото полувреме, сепак на крајот тие беа оние што се радуваа на титулата. Во клучните моменти во финишот, вардарци не реализираа, беа казнети и останаа со празни раце. Ова е трета по ред титула за битолчани, а вкупно деветта.