📷 Плеј-офот обезбеден за кавадарчани – сега сакаат и „некој скалп“

Бутел – Тиквеш 15.02.2025

Требаше да биде дерби, и двете екипи сакаа бодови за да обезбедат сигурно место во плејофот, но „лозарите“ заминаа дома со „полна вреќа“. Имаат најмалку петто место, ќе стартуваат веројатно со еден бод, но во Скопје кај Бутел триумфираа со 33-21 најавувајќи дека сакаат и натаму да бидат фактор, па можеби и да земат „некој скалп“. Бутел се уште е во игра за место во Топ-6 и има најреални шанси таму и да остане. Лошата епизода да ја заборават и да покажат дека се кадарни за она што им е целта, разигрување за титулата.