📷 Пелистерци не блескаа, но ја скокнаа првата Куп пречка

Куп 2024: Еурофарм Пелистер – Тиквеш

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и го совладаа незгодниот Тиквеш со 33:29 во првиот полуфинален дуел од Купот на Македонија. Битолскиот тим, кој се наоѓа на чекор до одбрана на шампионската титула во домашниот шампионат, в недела со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид ќе се бори за шести Куп трофеј. Предводник во победничката екипа беше Богдан Радивојевиќ со десет погодоци, додека во таборот на Тиквеш најефикасни беа Страхиња Симиќ и Срџан Мијатовиќ.