📷 Пелистерци малку се помачија – ама најавија: Сакаме двојна круна

КУП 2025: Охрид – Еурофарм Пелистер

Сезоната во ракометот во Македонија ја доживува кулминацијата, и ќе донесе две големи дербија од „ракометното Ел Класико“. Еурофарм Пелистер за едно полувреме ги реши сите дилеми против Охрид, и утре ќе го има првиот двобој со Вардар кој решава за трофеј, овојпат во Купот. Потоа следува мечот кој решава за титулата. Навивачите од трибините во Охрид порачаа - сакаме двојна титула. Претсојат жешки ракометни осум дена.