📷 ОХРИД 2025: Еурофарм Пелистер покажа моќ – сега ќе чека услуга од Вардар

ГАЛЕРИЈА Еурофарм Пелистер – Вардар

Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ беа домаќини на првата епизода оваа сезона од најголемото македонско дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кое го добија шампионите со 28-23. Иако на стартот изгледаше дека ова ќе биде израмнет двобој до крајот, сепак во второто полувреме битолчани комплетно го надиграа најголемиот ривал и не дозволија ниту трошка неизвесност до крајот. Сега Еурофарм Пелистер ќе мора да слави со што поголема разлика против Динамо Панчево и потоа да чека услуга од Вардар, кој ако го совлада Тримо ќе ги испрати битолчани на првото место во групата и во финалето. Клучна фигура во редовите на пелистерци беше голманот Хеидарирад кој успеа да одбрани 15 шута на ривалите, но и да постигне еден погодок, додека седум гола имаше десното крило Хекбарт. Кај Вардар девет гола даде Горига.